Кривична пријава за тројцата Суданци кои ограбија млад скопјанец во Кисела Вода
Инспектори од ЕВР-ОКР Кисела Вода поднесоа кривична пријава против тројцата Суданци, кои пред два дена му барале пари на 27-годишен скопјанец, а потоа и го нападнале во скопската населба Кисела Вода.
Препорачано
„Кривичното дело било пријавено на 19.02.2026 година, а се случило на трим патеката на ул. „11-ти Октомври“ во Скопје, додека оштетениот М.Т.(27) од Скопје се движел со своето куче, бил пресретнат од три лица кои побарале пари од него. Откако одговорил дека нема, му извршиле пребарување по џебовите по што физички го нападнале, нанесувајќи му видливи повреди и се оддалечиле во непознат правец. По преземени мерки и активности, сторителите биле идентификувани и лишени од слобода“ соопшти МВР.
Денеска во просториите на Прифатен центар за странци, во присуство на јавен обвинител, било извршено препознавање при што оштетениот во целост ги препознал пријавените лица како сторители на кривичното дело. Истиот ден, пријавените биле спроведени пред судија на претходна постапка во Основен кривичен суд Скопје, кој им изрече мерка притвор во траење од 30 дена.


