Фото: Архива на Слободен печат

Кривична пријава за 58-годишен маж, силувал 13-годишно девојче

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ј.М.(58) од Скопје поради основано сомнение дека сторил кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години” казниво по член 188 став 1 од Кривичниот законик на РСМ. Судот на скопјанецот му одредил мерка притвор.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, тој на 15.04.2026 година во Скопје извршил обљуба врз 13-годишно девојче од Скопје и го фотографирал.

-По преземени мерки од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје, лицето е лишено од слобода и од него се одземени мобилен телефон и патничко моторно возило „мерцедес”. Од страна на судија на претходна постапка на пријавениот одредена му е мерка притвор – посочуваат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот