Кривична пријава против двајца кумановци за фалсификување пари

Фото: Profimedia

СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.Р.(43) и Н.С.(32) од Куманово, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари”.

Пријавените, на 22.01.2021 од едно лице од Тетово, обезбедиле 37 фалсификувани банкноти во апоени од 50 евра. На 23.01.2021, во периодот од 05.00 до 06.00 часот, ги пуштиле во оптек како вистински во казино во Куманово, од кои 26 банкноти ги размениле кај вработените на каса во денари, со што се стекнале со противправна имотна корист во износ од 79.950 денари и за истиот износ го оштетиле казиното, а парите ги трошеле на игри на среќа во казиното.

Откако вработените се посомневале дека банкнотите не се вистински, случајот го пријавиле во СВР Куманово. Од страна на полициски службеници од казиното се одземени 26 банкноти во апоени од по 50 евра, а од патничко возило „мерцедес”, сопственост на А.Р., кое било паркирано во близина на казиното, при извршен преглед, биле пронајдени 11 банкноти во апоени од по 50 евра, кои се одземени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот