Критериумите за членство во ЕУ мора да бидат исполнети порача шведската амбасадорка

Годишна конференција „Година на нови можности“/Фото: Влада на Република Северна Македонија

Цврсто сме посветени на пречекување на Западниот Балкан во европското семејство. Политичките реалности донесоа чувство на итност, но критериумите мора да бидат исполнети. Процесот и понатаму ќе остане ригорозен и затоа ќе мора посветеност, одлучност и национална согласност околу сеопфатната стратешка насока на земјата за членство во ЕУ, изјави амбасадорка на Шведска во земјава, Ами Ларсон Џаин.

Пораката за проширувањето од декемврискиот Самит ЕУ-Западен Балкан во Тирана, посочи Џаин, е кристално јасна – иднината на земјите од Западен Балкан и граѓаните е во ЕУ.

Зборувајќи за приоритетите на шведското претседателство со ЕУ и проширувањето со Западен Балкан на конференцијата „Година на нови можности”, Џаин рече дека тоа доаѓа во време на криза и сериозна закана по европската безбедност, поради руската инвазија на Украина.

Шведската Влада има четири приоритети за претседателството во следните шест месеци – Безбедност и обединетост, конкурентност, зелена и енергетска транзиција и секако владеење на правото и демократските вредности, изјави Џаин.

Земјите членки на ЕУ, посочи Џаин, ја искажаа својата поддршка за Украина и ќе останеме обединети во нашите реакции и покрај Украина, се додека е тоа потребно.

Усогласеноста со ЕУ во надворешната и безбедносна политика и санкциите против Русија остануваат клучни и Северна Македонија покажа лидерство по ова прашања и тоа навистина го цениме, истакна Џаин.

Безбедносните ситуации на Западен Балкан се особено важни за шведското претседателство, бидејќи, како што Џаин, тие се важни и за ЕУ и за самиот регион

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот