Фото: EPA-EFE/ANDRE KOSTERS

Кристијано Роналдо ги поништи бројките на Хари Кејн – Португалецот има повеќе голови по 30-тата година отколку Кејн во целата кариера

Хари Кејн веќе една деценија важи за еден од најдобрите напаѓачи во Европа и светот. Со 280 голови е најдобар стрелец во историјата на Тотенхем и втор во Премиер лигата зад Алан Ширер, а со 76 погодоци е и најдобар стрелец во историјата на англиската репрезентација.

Откако се пресели во Баерн Минхен, продолжи да ја тресе мрежата и стана најдобар стрелец во Бундеслигата две сезони по ред. И оваа сезона е убедливо прв со 12 гола во само осум кола.

Но, кога неговите бројки ќе се споредат со оние на Кристијано Роналдо – разликата е неверојатна. Според статистичарите, Кејн во целата кариера има постигнато 488 голови, додека Роналдо – само по навршени 30 години – има 487!

Ако се земат предвид сите погодоци, Португалецот моментално има 950 голови и е на чекор до историскиот рекорд од 1.000 голови во официјални натпревари.

Со вакви бројки, споредбата меѓу Кејн и Роналдо изгледа речиси невозможна – Португалецот едноставно е на друго ниво.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот