Кристијан Голубовиќ повторно уапсен и тоа на денот кога е ослободен: Имал бизарни таблички на автомобилот (ФОТО)

Фото: Фејсбук

Во Србија, Краљево, на улицата „Цар Лазар“, полицијата запрела мерцедес кој го возел Кристијан Голубовиќ, како и порше зад чиј волан се наоѓал Јован Т, а во двата автомобили имало 10 луѓе.

На двете возила на регистерските таблички била залепена напелница со одбележје „БГ-КРИСТИЈАН“, пишува српски Информер.

Полицијата по налог на обвинителството поднела кривична пријава против Кристијан Голубовиќ, Јован Т и Александар Џ., за кривично дело „фалсификување на исправи“, пренесуваат српските медиуми.

Фото: Фејсбук

Против Голубовиќ ќе биде поднесена прекршочна пријава поради возење под дејство на наркотици и тој е задржан 12 часа во полицијата.

Петте лица кои биле во друштво на Голубовиќ, по скратена постапка ќе бидат однесени кај судија пред судот за прекршоци во Краљево, бидејќи не ја почитувале забраната за групни собири во време на вонредната состојба.

За потсетување, Голубовиќ пред два дена беше пуштен на слобода по осум години поминати во затвор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот