Кристијан Даниелсон назначен за медијатор на ЕУ во Грузија

Фото: europeanwesternbalkans.com

Кристијан Даниелсон, поранешниот генерален директор на Европската комисија, денеска е назначен за медијатор на ЕУ во Грузија од претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел.

Мишел вечерва најави дека Даниелсон ќе соработува со високиот претставник за надворешна политика на ЕУ, Жосеп Борел, во обидот на ЕУ да помогне да се разреши политичкиот конфликт во Грузија.

Најавата доаѓа една недела по посетата на Мишел на Грузија каде ги охрабри сите страни да се вратат на преговарачката маса и да се посветат на политичкиот дијалог.

– Даниелсон ќе посредува во дијалогот меѓу политичките партии во Грузија и ќе соработува од блиску со амбасадорот на ЕУ во Грузија, Карл Харцел, со цел надминување на политичките тензии во Грузија, соопштија од кабинетот на Мишел вечерва.

Грузија е ангажирана во партнерски процес со ЕУ. Брисел оцени дека може да помогне во медијацијата на политичките тензии меѓу сите чинители во земјата и ги повика сите страни да соработуваат во конструктивен дух за “стабилна, демократска и реформска Грузија, способна успешно да напредува на својот про европски пат”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот