Архива на СП

Кристалина Георгиева: И покрај царините на Трамп, засега не се гледа рецесија

Настојувањето на американскиот претседател Доналд Трамп да воведе високи царини, создава голема несигурност и ја поткопува самодовербата, но веројатно нема да предизвика рецесија на краток рок, рече управниот директор Кристалина Георгиева од ММФ во интервју за Ројтерс.

„Засега не гледаме драматичен ефект од тарифите што ги наметна и вети Трамп по враќањето во Белата куќа“, истакна Георгиева, пренесе БТА. Таа додаде дека ММФ најверојатно малку ќе ја намали својата економска прогноза за раст на светската економија во нејзината следна ажурирана оценка по околу три недели, но „засега нема рецесија на повидок“.

Првичните сигнали на администрацијата на Трамп за нејзините планови за дерегулацијата на дигиталните средства се „многу охрабрувачки“, додаде управниот директор на ММФ.

„Во некои случаи има преголема регулација“, рече Георгиева, додавајќи: „Отстранувањето на бариерите за бизнисот и растот е добра работа. Таа посочи дека чекорите за дерегулација треба да се преземаат внимателно, без да се создаваат финансиски ризици. Георгиева изјави и дека со нетрпение ги очекува преговорите за новата кредитна програма со Аргентина да се комплетира пред претстојните пролетни состаноци на ММФ и Светската банка во Вашингтон помеѓу 21 и 25 април“, заклучува „24Часа.бг“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот