Крешник Бектеши не потпишал ниту една лиценца, никогаш не бил во Кочани, тврди одбраната
Издадените лиценци во периодот од 2018 до 2022 година се издадени со факсимил на Крешник Бектеши. Ова значи дека не постои ниту еден потпис на лиценца од него. Најмалку за една од овие лиценци ќе докажеме дека е издадена на датум кога тој не бил во земјава, рече Еленко Миланов, адвокатот на поранешниот министер за економија Крешник Бектеши.
Препорачано
– Дали ја набави пиротехниката, дали беше во Кочани да ја внесе, не дај боже да ја активира. За каузалитет и причинско последична врска во дејствија на соизвршителство е обвинет со уште 33 лица, со кои надвор од оние што се во Министерството за економија никого не познава, но бил соизвршител по она што сака да ве убеди Обвинителството. Затоа сметам дека правната квалификација е работа на Судот, а Крешник Бектеши, кој буквално никогаш во животот не бил во Кочани, се јавува како соизвршител, со службеници во институции во Кочани и Штип. Сметам дека со почитување на законските прописи од Крешник Бектеши и службите во Министерството за економија не може да ги сметате за некој систем или законодавци кои имаат придонес за овој настан – изјави Миланов.
Крешник Бектеши, а и кое било лице што ноќта на 15 кон 16 март 2025 не беше кај дискотеката во Кочани и немаше службени или било какви други обврски околу таа дискотека, според Еленко, не може да одговара за соизвршителство.


