Крамп-Каренбауер: Победата на Бајден на изборите не значи дека Европа може да смета на САД за безбедноста

Победата на Џо Бајден на претседателските избори во САД не значи дека Европа може да смета на Америка во областа на безбедноста, како што беше, предупреди германската министерка за одбрана Анегрет Крамп-Каренбауер.

Во интервју, Крамп-Каренбауер вели дека САД ќе останат фокусирани на Кина, дури и ако кандидатот на демократите го победи Доналд Трамп во ноември, што значи дека Европа треба да продолжи да ја развива својата надворешна и безбедносна политика.

– Дури и ако победи Џо Бајден, што би значело дека сигурно ќе работиме поинаку, не смееме да заборавиме дека има некои погледи што ги споделуваат голем дел од американската политичка елита, на пример за Кина или за Русија, каде ќе го споменам Северен поток 2, рече Крамп -Каренбауер.

Според неа, коментарите на Бајден досега покажуваат дека економското и геополитичкото ривалство меѓу САД и Кина ќе продолжи ако тој стане претседател.

Таа смета дека за време на германското претседателство со ЕУ, ќе се работи на предлог за да им се овозможи на земјите што не се членки на ЕУ да учествуваат во европски воени проекти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот