Кралското семејство на божиќната миса: Мама Кејт и малечката Шарлот вистинска атракција, кралицата воодушеви со стајлингот! (ФОТО)

профимедиа

Британското кралско семејство утринава традиционално се упати на божиќната миса.

Во црквата Св. Марија Магдалена во Сандрингем се упатија принцот Вилијам, неговата сопруга Кејт Мидлтон и нивните две деца, принцот Џорџ и принцезата Шарлот.

профимедиа

Со нив дојдоа и принцот Чарлс и Камила Паркер, како и принцезата Ана и кралицата Елизабета која го привлече целото внимание со својата облека во црвено од глава до пета, нешто што многу ретко го прави.

профимедиа

Сепак, присутните најмногу се забавуваа гледајќи во најмладите наследници на британското кралско семејство.

профимедиа

Како и секогаш кога некаде ќе се појави, малечката принцеза Шарлот е вистинска атракција, а со неа и нејзината мајка Кејт која непрекинато се обидува да ја смири темпераментната принцеза. Облечени во елегантни капути, Шарлот во зелен, а Кејт во сив, навистина изгледаа симпатично додека практично се бркаа низ дворот на црквата.

профимедиа

Покрај шегите, изгледа дека дошло време и за лесно воведување на малечката принцеза во кралските должности – како својата мајка така и таа слободно им пријде на насобраните луѓе и ја прегрна жената која и подари балон во облик на фламинго.

профимедиа

Како што беше најавено, принцот Хари и Меган Маркл не присуствуваа на традиционалната миса поради приватниот одмор, иако многумина до последен момент се надеваа дека сепак ќе ги видат. Исто така, Вилијам и Кејт одлучија да не го поведат со себе најмладиот син, принцот Луис.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот