Кралот на рокенролот се враќа: Елвис Присли ќе „оживее“ со помош на вештачката интелигенција

Фото: IFA Film / United Archives / Profimedia

Обожавателите на Елвис Присли кои немаа можност да го видат додека беше жив, благодарение на вештачката интелигенција ќе можат да присуствуваат на настапот на кралот на рокенролот кон крајот на оваа година.

За шоуто „Елвис еволуција“ ќе се користи вештачка интелигенција, холографска проекција, проширена реалност и театар во живо за да се ресоздадат настани од животот и музиката на Елвис, објаснуваат од  „Лејерд ријалити“, компанијата за забавна индустрија која го развива шоуто.

„Тоа ќе биде прослава на животот на Елвис; на човекот, музиката и неговото културно наследство. Врвот на тоа искуство ќе биде изведбата на Елвис со вештачка интелигенција“, изјави Ендрју Мекгинес, основач и извршен директор на компанијата.

Инаку, компанијата склучи договор со „Аутентик бренд груп“, сопственик на имотот на Елвис Присли, за развој на овој необичен спектакл. Британската компанија доби пристап до илјадници фотографии и видеа на музичката ѕвезда за да создаде нови изведби со помош на вештачка интелигенција.

Елвис Присли е познат како најпродаваниот соло-музички изведувач досега, со повеќе од 500 милиони продадени плочи. По Лондон, шоуто „Елвис еволуција“ ќе обиколи повеќе градови, меѓу кои Лас Вегас, Токио и Берлин.

„Беше неподносливо“: Сопругата на Елвис Присли проговори за страшните трагедии во животот

ФОТО | Палто на Елвис Присли продадено за повеќе од 163.000 долари на аукција

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот