„Кралот“ и  „месарот“ од „Олд трафорд“ примени во Куќата на славните на Премиер лигата

epa07802156 Former Manchester United forward Eric Cantona arrives for the UEFA Champions League 2019-20 Group Stage draw in Monaco, 29 August 2019. EPA-EFE/ALEXANDRE DIMOU

 Легендарните фудбалери и капитени на Манчестер јунајтед, Ерик Кантона и Рој Кин се нови членови на Куќата на славните на Премиер лигата.
– Многу сум среќен и горд. Во исто време не сум изненаден, ќе бев доколку не ме избраа. Беше сон да сеигра во Премиер лигата, сите сонуваат да играат во неа. Имав среќа да играм во Манчестер јунајтед со фантастични играчи, да имам прекрасен тренер и навивачи – порача Кантона.

Кантона настапуваше за Манчестер јунајтед од 1992 до 1997 година и на 180 натпревари постигна 81 гол и имаше 62 асистенции. Исто така во својата кариера настапуваше и за Оксер, Лидс, Олимпик Марсеј, Бордо, а за репрезентацијата на Франција одигра 45 натпревари на кои постигна 19 голови.
Кантона за себе велеше дека е „кралот на Олд трафорд“.

Веднаш по него, истата чест му припадна и на Рој Кин.  Ирецот од 1993 до 2005 година одигра 366 натпревари за Манчестер јунајтед и освои освои седум титули, а поради неговиот темперамент и бескомпромисната игра на теренот го доби прекарот „месар“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот