Фото: Принтскрин/Јутјуб

„Кралот без круна“ денеска го слави 53-от роденден: Миле Кузмановски има уште еден повод за славење

Миле Кузмановски е роден на 24 декември 1971 година во Скопје. Како пејач на народна македонска музика има настапувано на речиси сите фестивали во Македонија, а има одржано и многу концерти низ целиот свет.

Познат е по баладите „Не кани ме“ и „Крал без круна“, а во неговата богата кариера има одржано и  многуте многу солистички концерти, и настапувано на речеси сите фестивали за народна музика.

Неговата кариера ја одбележа песната Не кани ме чиј автор на песната е Орце Лазаров од Група Академци а текстот го напишал Огнен Неделковски.

Кузмановски има издадено 5 албуми со негови авторски песни: Не кани ме (2003), Исправи се Македонијо (2009), Најдоброто од Миле (2011), Крал без круна (2013), 30 години музика со Миле (2021).

Последното од Миле Кузмановски е песната „Срце храбро“, песна која одлично помина кај љуботелине на македонската народна музика, а слушателите веќе уживаат во мелодијата и магичните празнични моменти полни со вино и емоции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот