Кралицата Елизабета Втора со ташната праќа тајни пораки?

Profimedia

Црната правоаголна ташна е заштитниот знак на Елизабета Втора, а повеќето не знаат дека кралицата преку ташната праќа тајни пораки. Едноставниот систем на Елизабета ѝ овозможува да се извлече од непријатни ситуации.

Profimedia

Ако кралицата е покрај масата и ако ја стави ташната на маса, тоа значи дека сака настанот да заврши во следните пет минути.

Ако ја спушти ташната на земја, тоа значи дека сака да „ја спасат“ од непријатниот и напорен разговор.

Ако ја премсти ташната од една во друга рака за време на разговорот веројатно не е уморна, но сака некој да го прекине разговорот и да ја смени темата.

Интересен е и списокот на предмети кои кралицата ги носи во релативно малечката ташна. Внатре наводно секогаш има кармин и малечко огледалце, очила за вид, пенкало и банкнота од пет или десет фунти, кои кралицата во недела ги дава како прилог за црквата.

profimedia

Елизабета Втора секогаш носи и мала кука со вакуум за да може да ја закачи ташната, која никогаш не смее да биде на подот.

Наводно кралицата во ташната секогаш носи и мобилен како и ситници што ѝ ги подариле нејзините внуци, како што се фигури од минијатурни коњи, кучиња и седла, бидејќи е голема обожавателка на животните и на јавањето.

Во својата колекција има повеќе од 200 црни лакирани и мат ташни „Лунер“, кој ѝ е омилен бренд. Мора да бидат со големина 23 см x 20 см x 10 см, со долг каиш, кој овозможува полесно ракување.

<p>Elizabeta II uvek ima i kukicu koja se vakumom zalepi kako bi mogla okačiti torbicu koja, iz jasnih razloga, ne sme biti na podu</p>
Profimedia
<p>Elizabeta II uvek ima i kukicu koja se vakumom zalepi kako bi mogla okačiti torbicu koja, iz jasnih razloga, ne sme biti na podu</p>
Profimedia
Profimedia
Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот