Кралицата Елизабета го направи Божиќниот пудинг со синот, внукот и правнукот

Profimedia

Кралицата Елизабета Втора и нејзините тројца наследници – синот Чарлс, внукот Вилијам и правнукот Џорџ – се собраа пред украсената елка во Бакингемската палата на традиционален појадок.

Тоа е британски обичај за Божиќ, кој го вклучува целото семејство, а пудингот што е наменет за хуманитарни цели се подготвува еден месец однапред.

Подготовката на пудингот може да варира, а традицијата вклучува вметнување монети во него, што наводно започнало од кралицата Викторија, која сакала да им се заблагодари на готвачите, додека во некои семејства, членовите се менуваат додека го мешаат и секој си замислува една желба.

Кралицата Елизабета започна нова традиција оваа година, па пудингот, кој го мешаше со наследниците на круната, ќе биде дистрибуиран како дел од разни хуманитарни проекти поврзани со британските војници. Кралицата нема да ја заборави долгата традиција на делење подароци за своите вработени. Дури 1.500 вработени ќе добијат подарок од кралицата – Божиќен пудинг и честитка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот