Кралицата Камила јавно проговори за Кејт Мидлтон по дијагнозата на рак: Знам дека таа…

Фото: Instagram / EPA

Кралицата Камила јавно проговори за Кејт Мидлтон за време на нејзината посета на Шрусбери, град во Англија. Тоа беше првпат јавно да проговори за Кејт откако принцезата од Велс имаше операција на абдомен, а подоцна и објави дека има рак, пишува „Дејли мејл“.

Сопругата на кралот Чарлс се сретна со две девојки кои ѝ посакаа добредојде со постер со поддршка за Кејт Мидлтон на кој пишуваше „Пратете ѝ ја нашата љубов на Кејт“.

„Знам дека Кетрин е воодушевена од сите љубезни желби и поддршка“, рекла Камила.

Инаку, кралицата Камила ги продолжува своите службени должности додека продолжува битката на Кејт и Чарлс Трети со ракот. Нејзиното појавување во јавноста се случи откако Бакингемската палата вчера објави дека монархот и неговата сопруга ќе се појават во недела на велигденската богослужба во црквата во Виндзор.

Британските медиуми објавија дека Кејт Мидлтон и принцот Вилијам ќе го пропуштат семејното обединување за Велигден. Принцезата и принцот од Велс отишле со своите деца во Амберл Хол во Норфолк. Велигденските празници ќе ги поминат со ќерката и синовите.

Кејт Мидлтон и принцот Вилијам се трогнати од љубезните пораки од јавноста по дијагнозата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот