Кралицата Елизабета Втора првпат по 59 години нема да ја отвори парламентарната сесија

кралицата елизабета втора профимедиа фф3
Кралица Елизабета Втора / Фото: Профимедиа

На принцот Чарлс и неговиот син принцот Вилијам им се делегирани правата да ја отворат новата парламентарна сесија денеска во Британија. За прв пат во последните 59 години тоа нема да го направи кралицата Елизабета Втора, која лекарите ѝ советувале да го пропушти настанот, објави британскиот печат.

Бакингемската палата соопшти дека Елизабета Втора нема да присуствува на церемонијата поради тековните проблеми со движењето. Нејзината улога ќе ја преземат нејзиниот син принцот Чарлс и нејзиниот внук принцот Вилијам, а самиот говор во кој се изнесува владината законодавна програма ќе го прочита принцот Чарлс.

Говорот се очекува со интерес со оглед на зголемените трошоци за живот и многу други проблеми што треба да ги реши владата.

Ова е трет пат од 1970-тите британскиот монарх Елизабета Втора ја пропушти раскошната парламентарна церемонија. Претходните два пати беа во 1959 и 1963 година, кога таа беше бремена.

Некои медиуми веќе се загрижени дека кралицата нема да може да присуствува на нејзината платинеста годишнина како монарх, но Бакингемската палата соопшти дека ќе ја продолжи својата рутинска програма во текот на неделата, која вклучува онлајн состаноци со премиерот Борис Џонсон и други официјални лица. Свеченостите се закажани за 2 до 5 јуни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот