Фото: EPA/TOLGA AKMEN

Крај на една голема ера: Капитенот го напушта Реал Мадрид по 23 години и 27 трофеи

Она што се навестуваше со месеци, сега е официјално потврдено, Дани Карвахал го напушта фудбалскиот клуб Реал Мадрид на крајот од тековната сезона. Еден од најтрофејните играчи во историјата на шпанскиот клуб нема да го продолжи договорот, со што се става крај на неверојатна приказна што траеше 23 години.

Човекот кој буквално порасна во Реал, момчето кое го постави камен-темелникот на тренинг-центарот „Валдебебас“ во 2002 година стана капитен кој ги крена трофеите на сите најважни натпреварувања.

Иако минатата сезона беше круна на неговата кариера, сегашната беше полна со тешкотии. Сè започна со сериозна повреда во октомври 2024 година против Виљареал, која го држеше надвор од теренот долго време. Во меѓувреме, доаѓањето на Трент Александер-Арнолд значително го намали времето за играње на Карвахал, а неговото незадоволство од статусот на резерва кулминираше по натпреварот на Местаља.

Сепак, и покрај горчливиот вкус од последните неколку месеци, никој не може да го негира статусот што го ужива Карвахал. Со 450 настапи за првиот тим и 14 постигнати гола, тој си заминува како апсолутна легенда.

Карвахал е еден од само петте играчи во историјата на фудбалот што освоиле шест титули во Лигата на шампионите. Во текот на своите 13 сезони со првиот тим, тој освои вкупно 27 трофеи: шест во Лигата на шампионите, шест на Светското првенство за клубови, пет во Суперкупот на УЕФА, четири титули во шпанското првенство (Ла Лига), два во Копа дел Реј и четири во Суперкупот на Шпанија.

Поединечно, 2024 година беше негова златна година – беше прогласен за играч на натпреварот во финалето на Лигата на шампионите, каде што постигна и гол, и беше вклучен во идеалниот тим на светот (FIFPro World XI). Тој го достигна врвот и со шпанската репрезентација, освојувајќи го Европското првенство во 2024 година и Лигата на нации во 2023 година.

– Реал Мадрид сака да ја изрази својата благодарност и љубов кон една од најголемите легенди на нашиот клуб и светскиот фудбал. Дани Карвахал е симбол на нашите вредности и беше дел од најбрилијантниот период во нашата историја. Мадрид секогаш ќе биде негов дом – се вели во соопштението на Реал Мадрид.

Карвахал ќе го има својот последен танц пред публиката на Мадрид оваа сабота против Атлетик Билбао, кога ќе го предводи тимот со капитенска лента за последен пат на стадионот што е негов дом повеќе од две децении.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот