Лига на шампиони/UEFA

Крај на една ера: Култниот дизајн на топката со ѕвезди во Лигата на шампионите заминува во историјата

Финалето на Лига на шампиони во 2027 година ќе означи крај на една препознатлива ера, последен пат ќе се игра со топката со петокраки ѕвезди, пишува британски „Гардијан“.

Според најавите, од сезоната 2027/2028, „Адидас“ ќе го загуби долгогодишното право за дизајн на официјалната топка, кое ќе премине во рацете на „Најк“, во зделка вредна околу 45 милиони долари годишно.

Германскиот бренд од 2001 година ја градише својата препознатливост преку дизајнот со ѕвезди, менувајќи ги само боите и визуелните детали. Интересно, пред таа година токму „Најк“ беше снабдувач на топки за елитното натпреварување, но без да остави препознатлив визуелен печат како што тоа го направи Адидас.

Според информациите, последниот натпревар со легендарната „ѕвездена“ топка ќе биде финалето во 2027 година, кое треба да се одигра на стадионот „Метрополитано“ во Мадрид на 5 јуни. Засега останува непознато каков дизајн ќе понуди „Најк“ во новата ера на Лигата на шампионите.

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО | Фудбалер на Струга лошо падна – можеше да скрши врат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот