Крај на една ера: Де Брујн заминува од Манчестер сити?
Eден од најдобрите фудбалери за врска Кевин Де Брујн ќе ја заврши својата ера во Манчестер сити, пренесува „Скај Спорт“.
Препорачано
Според информациите, Белгиецот на крајот од сезоната ќе го напушти англискиот гигант како слободен фудбалер бидејќи одбил да го продолжи договорот.
Де Брујн во Манчестер сити пристигна во 2015 година за сума од 76 милиони евра и во изминатите години прерасна во клучен фудбалер на „граѓаните“. Вкупно за гигантот од Манчестер одигра 409 натпревари во кои постигна 105 голови и подели 173 асистенции.
Во тој период успеа да освои и шест титули во Премиер лигата, два во ФА Купот, пет во Лига купот, а минатата сезона стигна и до трофејот во Лигата на шампионите.
Се наведува и дека Де Брујн кариерата ќе ја продолжи во МЛС лигата, според извори блиски на фудбалерот тој започнал преговори со Сан Диего, нов клуб во американската лига кој му нуди статус на главна ѕвезда.
Де Брујн има 33 години, па дел од фановите и сметаат дека е време Манчестер сити да се ослободи од неговите големи примања, но има и такви кои овој потег го означуваат како грешка на клубот.


