КПД Идризово има нов директор: Наместо Јовица Стојановиќ, за в.д. назначен Реџеп Реџепи

Затворот во Идризово, Фото: МИА

Иако сè уште не е извршено примопредавање, пред два дена на владина седница бил разрешен директорот на најголемиот македонски затвор, КПД Идризово, Јовица Стојановиќ, додека за вршител на должност е назначен Реџеп Реџепи, објави телевизија Телма.

Имено, Реџепи е член на Алтернатива и поранешен кандидат за градоначалник на Врапчиште.

Смената во Идризово е дел од договорот за влез на Алтернатива во Владата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот