Ковид-19 во САД уби ист број луѓе како и шпанскиот грип

Ковид Њујорк/ Фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

Ковид-19 усмрти ист број Американци како и пандемијата на шпанскиот грип од 1918-1919 година, што изнесува повеќе од 675.000 луѓе.

Американското население пред еден век било една третина од денешното, што значи дека данокот што го земал грипот бил многу поголем, односно повеќе смртоносен. Но, ковид кризата во САД е трагедија самата по себе, особено со оглед на неверојатниот напредок на науката од тогаш и неуспехот да се искористи денешната достапност на вакцини, пишува Гардијан.

Како и грипот од 1918 година, коронавирусот никогаш нема да исчезне целосно. Научниците се надеваат дека ќе стане благ, сезонски проблем, бидејќи човечкиот имунитет се зајакнува преку вакцинацијата и инфекцијата. Но, потребно е време. Засега, пандемијата продолжува да доминира во Соединетите држави и другите делови на светот.

Со појавата на делта сојот, во просек дневно умираат 1.900 луѓе во САД, што е највисоко ниво од почетокот на март, а вкупниот број на смртни случаи во понеделникот надмина 675.000 лица, според податоците на Универзитетот Џон Хопкинс. Се верува дека вистинскиот број е многу поголем.

Зимата може да донесе ново раст на бројките, а моделот на Универзитетот во Вашингтон предвидува дека уште 100.000 Американци ќе умрат до 1-ви јануари, со што вкупниот број ќе се зголеми на 776.000.

Шпанскиот грип во 1918-19 убил 50 милиони луѓе ширум светот, во време кога светот имал една четвртина од денешното население. Глобалните смртни случаи од ковид вируси во моментов бројат над 4,6 милиони.

Над 100.000 Ковид-19 хоспитализации дневно во САД, вирусот се шири во јужните држави

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот