Ковид-19: Над 60.000 Белгијци летувале во земји и подрачја од т.н. „црвена зона“

Фото: EPA-EFE/TELENEWS

Шеесет и пет илјади граѓани од Белгија заминале на одмор во зони што биле обележани како црвени за Ковид-19 во текот на летото, а 900 од нив се тестирани позитивни за вирусот, јави дописничката на МИА од Брисел.

Белгискиот институт за јавно здравје на денешната прес-конференција информира дека полека почнува да се намалува пикот констатиран во текот на летото во земјата, кога се регистрираа по деветстотини новозаразени дневно. Но, властите не очекуваат значајно намалување, туку стабилизација на бројките во наредниот период.

Во двата летни месеца, 1,4 милиони луѓе од Белгија заминале во странство на одмор и го пополниле формуларот. Меѓу нив, 65.000 биле во црвена зона, односно во Турција, во Шпанија, во Франција, во Романија и во Мароко, а 376.000 се одморале во портокалова зона.

Две третини од тие што биле во црвена зона се тестирани за Ковид-19, а два отсто од тестираните се позитивни на вирусот, изјавија од институтот.

– Не е многу, но ни овозможи да поставиме дијагноза за 900 лица поради патување во црвена зона и да спречиме тие лица да ја шират инфекцијата, изјави портпаролот на институтот.

Лицата кои се враќаат од зона обележана како црвена треба да останав во карантин дури и ако првиот тест покаже негативни резултати, истакна портпаролот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот