Ковчегот со телото на кралицата Елизабета пристигна во Единбург

Поворката со ковчегот на кралицата Елизабета тргна од Балморал/Фото; Скриншот

По шест часа патување од нејзината летна резиденција во Балморал, ковчегот со телото на кралицата Елизабета II пристигна во главниот град на Шкотска, Единбург. На патот кон градот, десетици илјади граѓани ги преплавија улиците за да ја испратат за последен пат кралицата која 70 години владееше со кралството Британија.

Ковчегот беше покриен со шкотското кралско знаме и венци со цвеќиња набрани од имотот во Балморал. Голем дел од граѓаните на Единбург се собраа во центарот за да ја пречекаат поворката, во која беше и ќерката на кралицата, принцезата Ана, до патот до палатата Холирудхаус каде беа пречекани од почесната воена гарда. Поворката претходно помина низ шкотските градови Абердин, Данди и Перт.

Кралските војници на Шкотска, по пристугнувањето го однесоа ковчегот во палатата каде истото ќе остане во текот на ноќта. Веќе утре, ковчегот ќе биде положен во Холирудхаус, кралската резиденција во Единбург.

Инаку патувањето од Балморал беше само првото од низата која следи до државниот погреб која кралицата ќе го има во Вестминстер, Лондон на 19 септември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот