Ковачевски: Судот да ги објасни одлуките за „Таргет-Тврдина”

Фото: МИА

Премиерот Димитар Ковачевски смета дека правосудниот систем во една транспаретна постапка треба да им ги објасни на граѓаните одлуките што ги носи и дополнително да работи на зголемување на довербата. Ковачевски ова го изјави одговарајќи на новинарско прашање во врска со одлуките на Апелацискиот суд за случајот „Таргет-Тврдина” и реакцииите во јавноста.

-На правосудниот систем е, кој е независна власт од Владата, низ една транспаретна постапка да ги објасни на граѓаните одлуките кои ги носат и дополнително да работи на унапредување на своето работење, а со цел да ја зголеми довербата кај граѓаните и да обезбеди фер услови за сите граѓани да бидат во државата еднакви пред Уставот, рече Ковачевски.

Премиерот истакна дека и тој како и многумина други изразил разочарување во однос на овој судски случај, што, како што кажа, само ја потврдува ниската доверба на граѓаните во правосудниот систем мерено според истражувањата на јавните мислења.

-Исто така, сакам да истакнам дека јас како премиер и Владата ниту сме се мешале, ниту ќе се мешаме во судската власт, односно во судството со оглед на тоа дека судството и правосудството не се место за политичка борба и политички натпревар, додаде Ковачевски.

Ние, рече тој, сме во постојана комуникација со нашите партнери во ЕУ и САД.

– Поглавјето 23, владеење на правото беше дел од билатералниот скрининг којшто се води во Брисел и секако дека тој билатерален скрининг во којшто ќе бидат вклучени и правосудните органи ќе постави многу прашања за којшто ќе се бараат одговори и секако дека одговори ќе треба да дадат и правосудните органи како независна власт во државата во што државата не треба да се меша, вели тој.

Ковачевски посочи дека извршната власт подготвува законски решенија за унапредување на правосудната власт во сите нејзини свери и обезбедува финансиски средства за непречено функционирање на независниот правосуден систем во државата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот