Ковачевски: Отворен Балкан има само добри страни, но иницијативата не е замена за ЕУ

Фото: Влада на РСМ

„Со Отворен Балкан, како држава и како Влада имаме обврска да обезбедиме подобар животен стандард на граѓаните, да обезбедиме подобра инфраструктура, и да ја спречиме корупцијата со ефикасност на администрацијата и на сите институции”, рече денеска премиерот Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали „Отворен Балкан” останува единствена реална иницијатива за нашата земја доколку има уште едно „не” од Бугарија.

Тој додаде дека од друга страна, граѓаните на нашата земја не можат да бидат заложници на исчекувања на датуми на секој нов самит на ЕУ и затоа тој не се врзува за датуми за нешто што не зависи од нас.

„Ние нашата работа ја имаме завршено. Република Северна Македонија има четири позитивни последователни извештаи од страна на Европската комисија. Имаме 45 проценти усогласеност на националното законодавство со законодавството на Европската Унија”, рече Ковачевски.

Посочувајќи дека определбата за европска интеграција во НАТО и во ЕУ секогаш ќе биде стратешка цел како и остварувањето на членството во НАТО за што граѓаните донесоа тешки одлуки.

„Европската Унија досега не го испорача своето ветување, но веруваме дека тоа еден ден ќе се случи како резултат на усогласување и на разговорите базирани на европски вредности”, рече Ковачевски, додавајќи дека имаме стратешки дијалог со САД за важни прашања.

Ковачевски потенцираше дека „Отворен Балкан” е оригинална, органска иницијатива на трите држави, базирана на европски вредности, бидејќи сите граѓани од државите на регионот имаат право да живеат и да соработуваат меѓу себе.

Иницијативата има само добри страни, рече Ковачевски, кој повтори дека замена за стратешката цел на интеграција на нашата земја во ЕУ не постои, но земјите од регионот заради граѓаните ќе ја унапредуваат соработката преку досега донесените иницијативи, како и со други за кои беше постигната согласност на самитот на „Отворен Балкан” во Охрид.

САМИТ „ОТВОРЕН БАЛКАН“ 2022:

СРПСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ АЛЕКСАНДАР ВУЧИЌ: Браќа Македонци, ние решивме проблеми кои беа стари 50-60 години. Отворањето на преговорите со Европската Унија не зависи од нас, она што секогаш зависи од нас е како ќе живееме со соседите и пријателите!

АЛБАНСКИОТ ПРЕМИЕР ЕДИ РАМА: Над 60 отсто од Албанците го поддржуваат „Отворен Балкан“!

ЕВРОКОМЕСАРОТ ЗА ПРОШИРУВАЊЕ ОЛИВЕР ВАРХЕЉИ: Регионот има потенцијал за економска соработка

АМЕРИКАНСКИОТ СПЕЦИЈАЛЕН ПРЕТСТАВНИК ЗА ЗАПАДЕН БАЛКАН, ГАБРИЕЛ ЕСКОБАР: Ги охрабрувам лидерите на иницијативата „Отворен Балкан“ да ја прошират со нови земји членки

ПРЕТСЕДАВАЧОТ НА СОВЕТОТ НА МИНИСТРИ, ЗОРАН ТЕГЕЛТИЈА: Во БиХ нема политичко расположение за Отворен Балкан, но се надевам дека јас ќе го променам тоа!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот