Габриел Ескобар: Ги охрабрувам лидерите на иницијативата „Отворен Балкан“ да ја прошират со нови земји членки

Самит „Отворен Балкан“ во Охрид, Јуни 2022 / Фото: Слободен печат - Драган Митрески
Габриел Ескобар / Самит „Отворен Балкан“ во Охрид, Јуни 2022 / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Можностите на Западен Балкан се огромни. Прво треба да се работи, не само на економска и регионална соработка, туку и на евроинтеграциска. Второ, има многу иницијативи за создавање на економски инцијативи, а „Отворен Балкан“ е само една од тие можности за економска соработка, рече во своето обраќање на Самитот „Отворен Балкан“во Охрид американскиот специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар.

Би сакал да истакнам дека ова е одлична иницијатива, се надевам дека оваа иницијатива ќе се прошири со уште членки. Ги охрабрувам лидерите на земјите членки да го усогласат „Отворен Балкан“ со другите иницијативи на Западен Балкан. Земјите од регионот може да сметаат на помошта од САД во однос на економијата, борбата против корупцијата и криминалот и европската интеграција, рече Ескобар.

САМИТ „ОТВОРЕН БАЛКАН“ 2022:

МАКЕДОНСКИОТ ПРЕМИЕР ДИМИТАР КОВАЧЕВСКИ: Ова е време на големи предизвици кои бараат храбри одлуки и заедништво. Западен Балкан мора да стане дел од Европската Унија!

СРПСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ АЛЕКСАНДАР ВУЧИЌ: Браќа Македонци, ние решивме проблеми кои беа стари 50-60 години. Отворањето на преговорите со Европската Унија не зависи од нас, она што секогаш зависи од нас е како ќе живееме со соседите и пријателите!

АЛБАНСКИОТ ПРЕМИЕР ЕДИ РАМА: Над 60 отсто од Албанците го поддржуваат „Отворен Балкан“!

ЕВРОКОМЕСАРОТ ЗА ПРОШИРУВАЊЕ ОЛИВЕР ВАРХЕЉИ: Регионот има потенцијал за економска соработка

ПРЕТСЕДАВАЧОТ НА СОВЕТОТ НА МИНИСТРИ, ЗОРАН ТЕГЕЛТИЈА: Во БиХ нема политичко расположение за Отворен Балкан, но се надевам дека јас ќе го променам тоа!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот