Вархељи: Регионот има потенцијал за економска соработка

Оливер Вархељи / Самит „Отворен Балкан“ во Охрид, Јуни 2022 / Фото: Слободен печат - Драган Митрески
Оливер Вархељи / Самит „Отворен Балкан“ во Охрид, Јуни 2022 / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Мини шенген како што во минатото лидерите го нарекуваа или денес „Отворен Балкан“ е инзворедна иницијатива која докажа дека сега, повеќе од кога било, отпорност на кризите може да има само преку соработката, рече на денешниот Самит на „Отворен Балкан“ во Охрид еврокомесарот за проширување Оливер Вархељи.

– За мене ова е позитивна иницијатива, ова е иднината која може да се создаде денес што ќе ни ја покаже светлата иднина, нагласи Вархељи.

Денеска во Охрид почна официјалниот дел од Самитот на иницијативата Отворен Балкан на кој учествуваат претседателот на Србија Александар Вучиќ, премиерите на Албанија и Северна Македонија Еди Рама и Димитар Ковачевски, како и премиерот на Црна Гора Дритан Абазовиќ и претседателот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Зоран Тегелтија во својство на посматрачи.

САМИТ „ОТВОРЕН БАЛКАН“ 2022:

МАКЕДОНСКИОТ ПРЕМИЕР ДИМИТАР КОВАЧЕВСКИ: Ова е време на големи предизвици кои бараат храбри одлуки и заедништво. Западен Балкан мора да стане дел од Европската Унија!

СРПСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ АЛЕКСАНДАР ВУЧИЌ: Браќа Македонци, ние решивме проблеми кои беа стари 50-60 години. Отворањето на преговорите со Европската Унија не зависи од нас, она што секогаш зависи од нас е како ќе живееме со соседите и пријателите!

АЛБАНСКИОТ ПРЕМИЕР ЕДИ РАМА: Над 60 отсто од Албанците го поддржуваат „Отворен Балкан“!

ЕВРОКОМЕСАРОТ ЗА ПРОШИРУВАЊЕ ОЛИВЕР ВАРХЕЉИ: Регионот има потенцијал за економска соработка

АМЕРИКАНСКИОТ СПЕЦИЈАЛЕН ПРЕТСТАВНИК ЗА ЗАПАДЕН БАЛКАН, ГАБРИЕЛ ЕСКОБАР: Ги охрабрувам лидерите на иницијативата „Отворен Балкан“ да ја прошират со нови земји членки

ПРЕТСЕДАВАЧОТ НА СОВЕТОТ НА МИНИСТРИ, ЗОРАН ТЕГЕЛТИЈА: Во БиХ нема политичко расположение за Отворен Балкан, но се надевам дека јас ќе го променам тоа!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот