Еди Рама: Над 60 отсто од Албанците го поддржуваат „Отворен Балкан“

Самит „Отворен Балкан“ во Охрид, Јуни 2022 / Фото: Слободен печат - Драган Митрески
Еди Рама / Самит „Отворен Балкан“ во Охрид, Јуни 2022 / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

„Отворен Балкан“ е важен за нашите луѓе. „Отворен Балкан“ е важен простор кај што се раѓаат нашите деца и ќе живеат. Интересен е податокот неодамна објавен во Албанија дека над 60 проценти од населението го подржуваат „Отворен Балкан“, порача денеска од Охрид албанскиот премиер Еди Рама.

– Во исто време, запознаени сме со случувањата во Украина. Знаеме и дека Србија и Русија имаат блиски односи, знаеме и дека меѓу Белград и Приштина има отворено прашање и проблеми. Но убедени сме дека овие работи можат да се надминат само ако се доближиме и соработуваме заедно како денеска што сме сите овде заедно во Охрид, потенцираше Рама.

Тој нагласи дека покрај енергетската криза, која сите веќе ја чувствуваат, на портите ни чука нова криза за храна.

– „Отворен Балкан“ е уште еден начин да се справиме со кризите кои ни доаѓаат во нашите земји – изјави Рама.

САМИТ „ОТВОРЕН БАЛКАН“ 2022:

МАКЕДОНСКИОТ ПРЕМИЕР ДИМИТАР КОВАЧЕВСКИ: Ова е време на големи предизвици кои бараат храбри одлуки и заедништво. Западен Балкан мора да стане дел од Европската Унија!

СРПСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ АЛЕКСАНДАР ВУЧИЌ: Браќа Македонци, ние решивме проблеми кои беа стари 50-60 години. Отворањето на преговорите со Европската Унија не зависи од нас, она што секогаш зависи од нас е како ќе живееме со соседите и пријателите!

ЕВРОКОМЕСАРОТ ЗА ПРОШИРУВАЊЕ ОЛИВЕР ВАРХЕЉИ: Регионот има потенцијал за економска соработка

АМЕРИКАНСКИОТ СПЕЦИЈАЛЕН ПРЕТСТАВНИК ЗА ЗАПАДЕН БАЛКАН, ГАБРИЕЛ ЕСКОБАР: Ги охрабрувам лидерите на иницијативата „Отворен Балкан“ да ја прошират со нови земји членки

ПРЕТСЕДАВАЧОТ НА СОВЕТОТ НА МИНИСТРИ, ЗОРАН ТЕГЕЛТИЈА: Во БиХ нема политичко расположение за Отворен Балкан, но се надевам дека јас ќе го променам тоа!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот