Александар Вучиќ: „Отворен Балкан“ е наша инцијатива, на Балканците за Балканците

Александар Вучиќ, Фото: Слободен печат/Драган Митревски

Постои нешто што се гледа во односите меѓу Србија и Македонија. Браќа Македонци, ние немаме билатерални проблеми, решивме проблеми кои беа стари 50-60 години, истакна претседателот на Србија Александар Вучиќ на официјалното отворање на Самитот на „Отворен Балкан“ во Охрид.

– Сакам да истакнам дека суштината на оваа иницијатива е да се формираат работни групи сега или на следионт состанок кој сакам да биде во јужна Србија, со што би се активирале владите да се надминат проблемите на целиот регион, проблемите со енергетската криза, финансиската и културната легислатива. Денеска потпишуваме договори за работните дозволи, развој на туризмот, здравството, образованието – рече Вучиќ.

Според него, напредокот на регионот е суштината на иницијативата „Отворен Балкан“.

– Отворањето на преговорите со Европската Унијане зависи од нас, она што секогаш зависи од нас е како ќе живееме со соседите и пријателите – потенцираше српскиот претседател.

САМИТ „ОТВОРЕН БАЛКАН“ 2022:

МАКЕДОНСКИОТ ПРЕМИЕР ДИМИТАР КОВАЧЕВСКИ: Ова е време на големи предизвици кои бараат храбри одлуки и заедништво. Западен Балкан мора да стане дел од Европската Унија!

АЛБАНСКИОТ ПРЕМИЕР ЕДИ РАМА: Над 60 отсто од Албанците го поддржуваат „Отворен Балкан“!

ЕВРОКОМЕСАРОТ ЗА ПРОШИРУВАЊЕ ОЛИВЕР ВАРХЕЉИ: Регионот има потенцијал за економска соработка

АМЕРИКАНСКИОТ СПЕЦИЈАЛЕН ПРЕТСТАВНИК ЗА ЗАПАДЕН БАЛКАН, ГАБРИЕЛ ЕСКОБАР: Ги охрабрувам лидерите на иницијативата „Отворен Балкан“ да ја прошират со нови земји членки

ПРЕТСЕДАВАЧОТ НА СОВЕТОТ НА МИНИСТРИ, ЗОРАН ТЕГЕЛТИЈА: Во БиХ нема политичко расположение за Отворен Балкан, но се надевам дека јас ќе го променам тоа!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот