Зоран Тегелтија: Во БиХ нема политичко расположение за Отворен Балкан, но се надевам дека јас ќе го променам тоа

Зоран Тегелтија / Самит „Отворен Балкан“ во Охрид, Јуни 2022 / Фото: Слободен печат - Драган Митрески
Зоран Тегелтија / Самит „Отворен Балкан“ во Охрид, Јуни 2022 / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Во БиХ за жал нема консензус за „Отворен Балкан“. Причините за тоа се во размислувањето на политички поединци во БиХ дека иницијаторите на оваа групација имаат заднински намери, рече на Самитот „Отворен Балкан“ Претседавачот на Советот на министри Зоран Тегелтија.

– Овие размислувања може да се променат. Знам дека целата економска заедница во БиХ ме поддржува и граѓаните. Тука сум поради тоа што сум убеден дека оваа инцијатива ќе покрене економски бум во регионот. Убеден сум дека Сараево наскоро ќе биде член на „Отворен Балкан“. Затоа ги повикувам сите политички чинители од регионот да ги отворат границите и капиталот и стоките и граѓаните слободно да се движат и само така можеме да си помогнеме себе си и на ЕУ, изјави Тегелтија.

САМИТ „ОТВОРЕН БАЛКАН“ 2022:

МАКЕДОНСКИОТ ПРЕМИЕР ДИМИТАР КОВАЧЕВСКИ: Ова е време на големи предизвици кои бараат храбри одлуки и заедништво. Западен Балкан мора да стане дел од Европската Унија!

СРПСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ АЛЕКСАНДАР ВУЧИЌ: Браќа Македонци, ние решивме проблеми кои беа стари 50-60 години. Отворањето на преговорите со Европската Унија не зависи од нас, она што секогаш зависи од нас е како ќе живееме со соседите и пријателите!

АЛБАНСКИОТ ПРЕМИЕР ЕДИ РАМА: Над 60 отсто од Албанците го поддржуваат „Отворен Балкан“!

ЕВРОКОМЕСАРОТ ЗА ПРОШИРУВАЊЕ ОЛИВЕР ВАРХЕЉИ: Регионот има потенцијал за економска соработка

АМЕРИКАНСКИОТ СПЕЦИЈАЛЕН ПРЕТСТАВНИК ЗА ЗАПАДЕН БАЛКАН, ГАБРИЕЛ ЕСКОБАР: Ги охрабрувам лидерите на иницијативата „Отворен Балкан“ да ја прошират со нови земји членки

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот