Стојановски: Уставниот суд донесе одлука дека на 27 април ни било попречено правото на слободно изразување, иако основните судови не го видоа тоа

Влатко Стојановски / Фото: „Слободен печат“, Слободан Ѓуриќ

„На 27 април јас во Собранието бев како новинар, не како граѓанин. Пониските судови не ја прават таа разлика. Тие велат дека државата требало да ме заштити како граѓанин, а не требало да го брани моето новинарско право“ рече новинарот и уредник на „Фокус“, Влатко Стојановски во утринската програма на „Слободен печат“ и „Градска.мк“.

Тој додаде дека ако нема безбедност за новинарите тие не можат да си ја вршат својата работа.

„Со пресудата на Уставниот суд јасно се кажува дека мојата слобода на изразување на мислата, тоа право ми било нарушено, а составен дел од тоа право е слободата на медиумите. Тоа подразбира прибирање и пренесување информации. Со тоа што новинарите беа оневозможени да вршат работа, ограничен беше каналот на пресување на информации до јавноста“ рече Стојановски.

Тој додаде дека пресудата на Уставниот суд не ги поништува одлуките на пониските судови, во кои тој бара надомест на нематеријална штета поради претрпен стрес и нарушување на слободата на изразување на мислата.

„Чекаме да видиме како ќе се развива постапката по втор пат. По мене, ситуацијата е јасна. Тука веќе нема што да се утврдува или докажува, треба само да се констатира, бидејќи има одлука на Уставен суд“ рече Стојановски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот