Битиќи и Шкријељ: Не е време за бојкот или молк, туку за глас со кој ќе ја замолчиме националистичката реторика

Фото: Фејсбук/Санела Шкријељ

„Не е време за бојкот или молк, туку за глас со кој ќе го поразиме стравот од различностите и ќе ги замолчиме националистите на 8-ми мај, застанете рамо до рамо со нас во градењето на општество во кое нема да има поделби“, порачуваат во видео обраќање до целата прогресивна јавност Фатмир Битиќи и Санела Шкријељ кандидати за пратеници на Коалицијата за европска иднина од Изборна единица 2.

Битиќи ветува иднина во која за секого ќе има место, во која секој ќе биде достоинствено прифатен.

„Македонија е многу повеќе од било која политичка партија, таа е на сите нас, Бошњаци, Албанци, Македонци, Срби, Турци, Роми, Власи, Торбеши – на сите нас кои се бориме за европска држава, а кои сме повеќе, и тоа многу повеќе отколку што бевме во првиот круг на претседателските избори. Ве повикувам, застанете рамо до рамо со нас во градењето на општество во кое секоја различна нишка е вткаена во ткивото на единството. Каде што ќе нема повеќе поделби врежани во камен, ќе нема ѕидови кои не раздвојуваат“, порачува во своето обраќање кандидатката за пратеничка, Шкријељ

На крајот од видео обраќањето, потпретседателот на СДСМ и коносител на листа на кандидати за пратеници на Коалицијата за европска иднина од Изборна единица 2, Битиќи порачува – „во нашата Македонија етничката припадност, верата и идеологијата се вкрстуваат – не како борбени линии, туку како сојузници во заедничката и споделена европска иднина.“

Обраќањето е споделено и со видео пораки на мајчиниот јазик на кандидатите за пратеници, албанскиот и босанскиот јазик, преку што ја потврдуваат заложбата за Едно општество за сите.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот