Блинкен: Единственото нешто што стои меѓу луѓето во Газа и прекинот на огнот е Хамас

Ентони Блинкен /Фото: EPA-EFE/DAREK DELMANOWICZ POLAND OUT

Говорејќи на состанокот на Светскиот економски форум во Саудиска Арабија, американскиот државен секретар Ентони Блинкен пред присутните изјави дека регионот се соочува со „веројатно најтешката криза на Блискиот Исток од 1948 година“ и дека САД „се обидуваат да стават крај на конфликтот во Газа, обидувајќи се да се погрижат тој да не се прошири“.

– Хамас пред себе има предлог кој е исклучително дарежлив од Израел. И во овој момент, единственото нешто што стои меѓу луѓето во Газа и прекинот на огнот е Хамас. Тие треба да одлучат и тоа треба да го направат брзо. И се надевам дека ќе донесат правилна одлука. И можеме да имаме фундаментална промена во динамиката – рече тој, пренесува „Гардијан“.

Блинкен им се заблагодари на Катар и Египет за нивната работа во обидот да се постигне договор, велејќи дека „ние сме решени да сториме се што можеме за да ставиме крај на ужасното човечко страдање што го гледаме секој ден во Газа меѓу децата, жените, луѓето кои се фатени во ужасниот вкрстен оган предизвикан од Хамас“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот