Чиле почна постепено да ја скратува работната недела

Градежници работници/Слободен печат/фото Драган Митрески

Оваа недела Чиле почна постепено да ја скратува работната недела од сегашните 45 на 40 часа. Во таа јужноамериканска земја стапи на сила законот за 40-часовна недела, пренесува Хина.

Првично работната недела ќе биде скратена од 45 на 44 часа. Во април 2026 година работната недела ќе се намали на 42 часа, а потоа конечно на 40 часа неделно во 2028 година. Платите на вработените остануваат исти.

„Овој закон е добар за земјата, работниците и компаниите“, изјави министерката за труд Жанет Јара за радио станицата „Коператива“.

„Во моментов има многу отсутни од работа поради замор, ментални болести поради прекумерна работа и двојно оптоварување на жените“, додаде таа. Во рамките на ОЕЦД, Чиле е една од земјите со најдолго работно време.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот