Ковачевски му дал можност на Лога пратениците да решат за Законот за амнестија

Ковачевски додаде дека министерот Кренар Лога имал можност да го образложи законот пред пратениците, а тие имаат право да гласаат во свое и име на граѓаните во однос на законските решенија што се нудат.

Премиерот Димитар Ковачевски смета дека на денешната собраниска седница на која се гласаше Предлог-законот за амнестија биле запазени сите процедури, а одлуката да се гласа против донесување на овој закон, според него, не треба да влијае на односите со коалициските партнери.

-Уште кога беше предложен законот за амнестија вие знаете дека постоеа различни ставови во однос на ефектите од овој закон, тоа е дека намерата на законот беше да се растеретат затворите со оглед на нивната комплетна пополнетост. Ставот на министерот за правда беше дека тоа може да се направи со Закон за амнестија, кој веќе е изгласан еднаш во Собрание. Од друга страна, постоеа и аргументи што го велеа спротивното, а тоа е дека претходниот закон не ги дал посакуваните ефекти, со оглед на тоа дека најголемиот број од оние кои биле амнестирани веднаш потоа сториле кривично дело и се вратиле во затворите и второ, над 2.000 нови осуденици чекаат издржување затворска казна што нема да доведе до растеретување на затворите и дополнително беа наведени како опции условниот отпуст, пробациајта и други мерки што можат да се користат со цел растеретувње на затворите – изјави денеска премиерот Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање.

Ковачевски додаде дека министерот Кренар Лога имал можност да го образложи законот пред пратениците, а тие имаат право да гласаат во свое и име на граѓаните во однос на законските решенија што се нудат.

-Сметам дека е запазена целата процедура и сето она што беше кажано и не треба да влијае на односите во коалицијата, со оглед а тоа што секој можеше да ги искористи своите аргументи, а оние кои го имаат правото на глас да го користат правото на гласање на парламентарната сесија, изјави премиерот.

Против законот гласаа 66 пратеници, меѓу кои и пратениците од владејачката СДСМ.

Пратениците гласаа против Предлог- законот за амнестија да оди по скратена постапка

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот