Ковачевски: Mинистерот Османи беше претставник на Владата на дипломатскиот форум во Анталија

Фото МИА.мк

На дипломатскиот форум во Анталија претставник на Владата беше министерот за надворешни работи Бујар Османи, изјави премиерот Димитар Ковачевски, додавајќи дека за тоа што разговарале на форумот во Анталија поранешниот премиер Зоран Заев и бугарскиот премиер Кирил Петков се информирал од објавата на Заев на социјалните медиуми.

-На дипломатскиот самит во Анталија како претставник на Владата беше министерот за надворешни работи Бујар Османи. Меѓутоа Дипломатскиот самит во Анталија е практично конференција на која се повикуваат и постојни, но и поранешни политичари. Од нашата држава покана имаа и поранешниот премиер Заев и поранешниот претседател Ѓорге Иванов. Во однос на тоа што разговарале поранешниот претседател Иванов имаше свое соопштение, а на социјалните медиуми и поранешниот премиер Заев објави што има разговарано во текот на конференцијата која таму се одвивала и од тоа што можевме сите да прочитаме дека се работи за потврдување на позициите на Република Северна Македонија и во едниот и во другиот случај, на нашата цврска евроинтеграциска определба, рече премиерот Ковачевски на новинарско прашање дали знае што разговарале на форумот во Анталија поранешниот премиер Зоран Заев и бугарскиот премиер Кирил Петков после увидот во активностите за отпочнување на процесот на чистење на линданот од малата депонијакругот на фабриката „ОХИС”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот