Ковачевски го повика Милошоски да не го блокира законот за рестриктивни мерки

Димитар Ковачевски / Фото: Слободен печат, Слободан Ѓуриќ

Доколку не планираат да го стават тогаш треба да кажат од кои не сакаат да го стават да биде донесен во Собранието, рече Ковачевски.

Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски, вели дека одлуката на САД да ги стави на црна листа Катица Јанева, поранешна обвинителка на СЈО и Стевчо Јакимовски, претседател на ГРОМ е врз основа на информации со кои располагаат. Ковачевски посочи дека Владата подготвила закон за рестриктивни мерки, но дека тој не може да ја помине собраниската процедура. Притоа го повика пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски да го стави законот на дневен ред на комисија.

-Се работи за одлуки што ги носат американските институции врз основа на информации со кои тие располагаат. Со оглед на тоа дека САД се наш стратешки партнер и исто како и ЕУ и Обединетите нации, Владата подготви закон за рестриктивни мерки што е поднесен до Собранието. Го видовте соопштението од СДСМ, јас можам само да повторам дека го повикуваме пратеникот Антонио Милошоски и неговата партија ВМРО-ДПМНЕ да не го блокираат законот и да го пуштат во собраниска процедура, изјави денеска Ковачевски одговарајќи на новинарски прашања.

Според него, очигледно е дека Милошоски од некаква причина го блокира законот да не биде ставен на комисиска расправа и со тоа да не биде донесен.

-Доколку не планираат да го стават тогаш треба да кажат од кои не сакаат да го стават да биде донесен во Собранието, рече Ковачевски.

Поради вмешаност во значителна корупција американскиот Стејт департмент денеска именува повеќе функционери од Западен Балкан на „црна листа“, меѓу кои и поранешната специјална главна обвинителка на Македонија, Катица Јанева и актуелниот градоначалник на Карпош и кандидат за претседател на Северна Македонија, Стевчо Јакимовски.

Катица Јанева и Стевче Јакимовски на „црната листа“ на САД, поранешната обвинителка примала поткуп, а градоначалникот на Карпош се мешал во урбанизмот за лична корист

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот