Ковачевски за новиот владин кабинет: За напредокот на нашата земја некогаш се полагаа животи, денес се потребни совесни одлуки

Фото: Димитар Ковачевски / Фејсбук

За напредокот на нашата земја некогаш биле положувани животи, денес, за напредокот треба да се носат совесни одлуки, вели премиерот Димитар Ковачевски.

– По изборот на заменици на министри, ќе се комплетира целосно новиот состав на Владата, но пред сите нас ќе се отвори една сериозна обврска – да донесеме зрели одлуки кои ќе ги осигураат перспективите на Република Северна Македонија, на граѓаните, на нашите деца. Затоа, никој нема право на калкулации и пазарења. Владата е отворена за идна соработка со сите кои се подготвени да постапат совесно и да ги поддржат реформите, економските политики и европската агенда, за доброто на граѓаните и на државата, напиша Ковачевски на Фејсбук.

„Владата е отворена за идна соработка со сите кои се подготвени да постапат совесно и да ги поддржат реформите, економските политики и европската агенда, за доброто на граѓаните и на државата“, додава премиерот во објавата.

Во Собранието во тек е долготрајната седница на која се разрешуваат досегашните и се именуваат нови министри и заменици-министри, која се очекува да заврши наскоро, со изборот на замениците на министрите во владиниот кабинет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот