Котев Ксенија со новата колекција Rebirth на Моден викенд Скопје

По премиерното прикажување на Revolver Fashion Trade Show во Копенхаген, најновата колекција на сребрен накит на Котев Ксенија ќе биде претставен вечерва и пред скопската публика во „Јавна соба“. Котев повторно не остава без здив и не облева со сребро преку 21 парче накит со Rebirth.

Брилијантна во својот израз и секогаш длабоко мистична во креирањето нѐ освојува со секоја своја колекција, но овојпат доживува комплетна преродба во нејзиниот израз и дизајн.

Минимализмот се провлекува во секое нејзино парче, а сребрените нишки излегуваат од кожурецот и формираат крилја.

Станува збор за своевидно ново раѓање на Котев во оваа колекција која е составена од 3 дела, 3 групи со по 7 парчиња накит кои носат посебно име. Првата група го носи името на самата колекција Rebirth, втората група е I see butterflies и третата – Aqua.

„Излегувањето од кожурецот ја носи симболиката на живеењето и единствениот начин да ги рашириме крилјата како битија или само како вистински уживатели кон уметноста. Водата е извор на живот, но ја чисти и душата“, ни рече дизајнерката.

Колекцијата ќе биде дел од тридневниот шоу – рум од 1 до 3 октомври во организација на маестралните ONLYAFEW во соработка со Моден викенд Скопје.

Модниот викенд Скопје ќе трае три дена  и ќе претстави поинакво доживување на модата и на урбаното живеење. Диџејот Gloomié со свој музички перформанс ќе го означи и отворањето, вечерва со почеток од 19 часот, во „Јавна соба“ . Подгответе се за „Свесна Мода“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот