Костадиновска Стојчевска вели дека целата јавност ќе може да го види сјајот на иконите

Јвна расправа за Предлог законот за македонскиот јазик/Фото: Министерство за култура

Министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска изјави дека иконите претставуваат заштитено културно добро и дека „ќе се погрижиме да го вратиме нивниот сјај за цела јавност да ги види”.

„Десет годишниот процес на реституција која што е прва од тие размери во регионот заврши со враќање на 20 икони од Република Албанија во Републикка Северна Македонија. Тоа се икони кои во период од 2013 година беа украдени од црквите од охридскиот, струшкиот, дебарскиот и реканскиот крај. Меѓу тие икони кои датираат од 18 веки првата половина од 19 век, се дел од иконите на познатиот зограф – Дичо Зограф,“ рече Бисера Костадиновска Стојчевска, министерка за култура во вечерните вести на Канал 5.

Министерката истакна дека овие икони ќе го поминат процесот на конзервација и после тоа ќе бидат изложени за пошироката јавност.
„Тие претставуваат заштитено културно добро и ќе се погрижиме да го вратиме сјајот кој што го имаа за цела јавност да ги види,“ рече Костадиновска Стојчевска.

Таа посочи и дека уште 37 икони се препознаени дека се со потекло од нашата држава, како и дека за 33 од нив веќе е испратена документација за нивно враќање. Таа додаде и дека процесот за нивно враќање веќе е познат и сега ќе биде многу побрз.

„Ќе се вратат тука во Музеј на Северна Македонија каде што повторно ќе го поминат процесот на конзервација и реставрација и повторно исто така ќе бидат изложени пред да и бидат вратени на црквата бидејќи тие се нивно сопствеништво.Ќе бидат вратени во црквите каде што се земени. Има неколку од охридско, Радожда и други цркви од тој крај и сите ќе бидат вратени од каде што се украдени. А тоа го дознавме со помош на Сашо Цветковски од МАНУ кој што е историчар на уметност и оваа тематика ја изучува многу долго време и тој ќе помогне да се лоцираат која икона од која црква е украдена и че биде вратена таму,“ рече Костадиновска Стојчевска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот