Костадиновска-Стојчевска: Почитувањето на јазикот на сите етнички заедници е европска вредност

фото: Министерство за култура, , Костадиновска-Стојчевска во Конче по повод денот на Турскиот јазик

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, денеска во општина Конче присуствуваше на свеченоста по повод одбележувањето на празникот на турската заедница – Денот на настава на турски јазик. На настанот, Костадиновска-Стојчевска, во присуство на голем број гости од земјава и од Република Турција, со свое обраќање го честита овој значаен ден за турската заедница, посочувајќи дека Министерството за култура ќе продолжи да ги поддржува проектите кои придонесуваат за развојот на турската култура.

„Една од заложбите на Владата и на Министерството за култура е негување и унапредување на традицијата и културата на сите народи што живеат во нашата држава, вклучително и на турската заедница, градејќи демократско општество еднакво за сите. Како политичари, како институции, како систем, како граѓани на оваа држава, се грижиме за јазикот и обезбедуваме услови за зачувување на националниот и културниот идентитет на сите заедници“, порача Костадиновска-Стојчевска.

За Македонија министерката за култура рече дека „отсекогаш била простор на кој се развивале различни јазици и култури во духот на разбирањето и толеранцијата“, додавајќи дека турскиот јазик е дел од нашето богато мултиетничко и демократско општество, а во наставниот процес во државава со поставувањето на асномска Македонија.

„Нашите повозрасни со својата мудрост знаеле дека почитувањето и учењето на јазикот на другиот е богатство, а не непремостлива бариера. Тоа се давало и се примало како знак на пријателство и почит што нашиот народ ја има кон долгата традиција на турскиот јазик, кој има извршено големо влијание во говорот на целиот Балкан“, рече Костадиновска-Стојчевска.

Министерката за култура посочи дека активностите што ги има турската заедница во земјава имаат значаен придонес во развојот и промоцијата на образованието и науката.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот