Костадинов: Невремето не предизвика поголеми материјални штети во Општина Струмица

Костадин Костадинов / Фото: Принтскрин

Вчерашното невреме не предизвика поголеми материјални штети во Струмица, но, во текот на денот ќе имаме информации за неколку критични точки и доколку има штети Општината и јас сме подготвени да помогнеме, рече градоначалникот Костадин Костадинов.

Според него, сите надлежни служби биле на терен и се работи на расчистување на урнати дрвја во градот и населени места, како и на санирање на одредени точки од каде се излева водата.

-Се работи на расчистување на наносите од зема на регионалниот пат Струмица-Банско, кој поминува низ селото Куклиш. Исто така, имаше поплавување во неколку населени места предизвикано од неисчистени одводни канали и затворени канали покрај улици и патишта. Ние ќе излеземе и ќе ги исчистиме, но, апелирам до граѓаните да не ги покриваат и затрупуваат каналите со земја, бидејќи треба само еднаш да ни се случи таков пороен дожд како вчера и да имаме поплава, изјави Костадинов.

Тој додаде доколку има објекти кои претрпеле посериозни штети да ги контактираат општинските служби и доколку има поголема материјална штета ќе се разгледа можноста за формирање на Комисија за проценка на штетите.

Инаку, од вчерашното невреме кое го зафати Струмичко во попадневните часови беа поплавени повеќе делови во долниот град на градот околу улицата „Младинска”, како и повеќе подруми, а силниот ветар урна и неколку дрвја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот