Косовските пазарни инспектори заплениле нелегално увезени српски кекси „плазма“

Фото: Архива на Слободен печат

Пазарните инспектори на косовското Министерство за индустрија при редовните теренски контроли заплениле околу 140 кутии плазма кекс. Тие оценуваат дека овој српски производ е „нелегално“ увезен на територијата на Косово.

Министерството не прецизираше каде точно е запленета стоката, објави агенцијата Коссев.

Овој вид на кекс беше одземен кон средината на месецов во Ново Село кај Каменица. Како што тогаш информираа од косовската полиција, при контрола на возилото биле пронајдени дури 35 пакувања со вкупно 720 кутии плазма бисквити.

Од минатиот јуни, косовските власти воведоа „привремена оперативна безбедносна мерка“ со која практично беше блокиран влезот на српски стоки и поштенски пакети. Оттогаш, недостигот од српска стока е прилично видлив на Косово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот