Косовските државјани од 1 јануари 2024 без визи во ЕУ

Фото: wallpaperflare.com

Канцеларијата на Европската унија во Косово потврди дека визната либерализација за косовските граѓани ќе стапи на сила на 1-ви јануари 2024 година.

Во денешниот одговор на порталот Калксо, Канцеларијата на ЕУ ова го нарече историски момент во односите еу-Косово.

„Визната либерализација за косовските државјани ќе стапи на сила на 1-ви јануари 2024 година. Ова ќе им овозможи на косовските граѓани да патуваат како туристи во ЕУ безвизниот режим 90 дена во период од 180 дена”, се вели во соопштението на порталот Калксо.

Според порталот, портпаролка на Канцеларијата на ЕУ во Косово. Јоана Лахана изјавила дека ова е историски момент за односите ЕУ-Косово.

“Ова е важен историски момент во односите ЕУ-Косово и важен чекор на патот на Косово кон ЕУ. ЕУ во Косово ја започна кампањата “Истражувај ја Европа” за објаснување на придобивките од визната либерализација, но и одговорностите и ограничувањата. Вработените на ЕУ во Косово, исто така, учествуваат во информативни активности во неколку градови низ Цело Косово, како дел од владината кампаоа за либерализација на визниот режим”, рече за Калксо Јоана Лахана, портпаролка на Канцеларијата на ЕУ во Косово.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот