Косовскиот совет за безбедност денеска се состанува

Косово и Србија/ Фото Zoonar GmbH / Alamy / Alamy / Profimedia

Денеска ќе се одржи седница на Советот за безбедност на Косово, по апсењето на тројцата припадници на специјалната единица на косовската полиција, јавуваат Репортери.
Тие се уапсени на територијата на општина Рашка и, како што е соопштено, административната линија ја поминале 1,8 километри.

Косовските власти тврдат дека во моментот на апсењето полицајците биле на задача од косовската страна на административната линија.

По апсењето, Владата на Косово одлучи да забрани влез на возила со српски регистарски таблички во Косово, а забранет е и увоз на стока од Србија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот