Косово без кардиохирурзи, децата принудени да се оперираат во странство

Лекари / Фото: МИА

Косово сè уште нема ниту еден кардиохирург, иако има многу деца на кои им е потребна операција на срце.

Во недостиг на кардиохирурзи овие деца се принудени да бараат лекување во странство, пишува денеска весникот „Зери“.

Според истиот медиум, во јавните здраствени институции во Косово нема ниту еден лекар способен да извршува интервенции кај децата со срцеви проблеми.

Од 2012 година повеќе од 100 деца заминале во разни болници надвор од Косово за да им се прават интервенции на срцето, кои сè уште не се нудат во оваа земја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот