Косовец подметнал пожар во Општина Тетово за да предизвика меѓуетнички тензии, тврди Касами

bilal kasami
Билал Касами/ Фото - Општина Тетово

Градоначалникот на Тетово, Биљал Касами, вели дека пожарот кој викендов избувна во подрумските простории на зградата на општината, бил намерно предизвикан, а ова според него го потврдиле и безбедносните камери. Тој рече дека се работи за лице кое не е државјанин на Македонија. Според Касами, првите сомнежи се дека тој е државјанин на Косово.

„Дефинитивно се сомневаме дека намерата овде е дека се работи за фантомско лице, односно без документи, кое подолго време се движело во регионот. Се сомневаме дека се работи за лице кое е од Косово и нема никакви документи или македонско државјанство. Тоа е соодветен профил да се злоупотреби за вакво дело бидејќи се работи и за палење документи од последните избори кои се оштетени“, рече Билал Касами, градоначалник на општина Тетово.

„Значи, овде не се работи за изолиран случај, туку со предумисла за поголема штета, да се создаде забуна во јавноста и да се создадат предуслови за она на што опозицијата подолго време предупредува – за создавање меѓуетнички тензии во Тетово. Се сомневам, па со оглед на личноста и неговиот профил, овој човек не може да го направи овој чин и да замине без да остави трага и воопшто да не е пронајден. Секако, тоа е предупредување за општината, но и другите објекти да ја зголемат безбедноста. Апелирам до сите кои мислат дека со ваквите постапки можат политички да имаат корист, ви порачувам дека општината не е само на една партија, туку на сите граѓани на Тетово без разлика и уште помалку политички“, додаде тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот