Коснет по средбата со Курти: Очекуваме што поскоро да се формираат новите институции

Амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Косово Филип Коснет  се сретна денеска со лидерот на Движењето самоопределување (ВВ) Албин Курти, кому му честита за победата на неговата партија на вонредните парламентарни избори, одржани в недела, на 14 февруари, јави дописникот на МИА од Приштина.

По средбата во седиштето на ВВ, Коснет порача дека очекува што поскоро конституирање на новото Собрание и формирање на новата Влада.

– Имав задоволство да се сретнам со Албин Курти и да му честитам на Движењето самоопределување за неговата победа и да разговараме за патот напред на Косово. Ги поттикнуваме партиите да работат брзо за да ги формираат Владата и Собранието, со цел да им служат на граѓаните и да се соочат со предизвиците, напиша Коснет на неговата официјална страница на Твитер.

Апсолутен победник на завчерашните избори е досега опозициското ВВ, со 47,88 отсто од гласовите, со тоа што се уште не се преброени гласовите на дијаспората, која традиционално на последните изборни процеси гласа за партијата на Курти, така што може да се очекува негова уште поубедлива победа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот